МВР

Хеликоптери на МВР исфрлија над 68 тони вода врз пожари во реонот на Богомила и селата Габровник и Мокрени

20.07.2024 18:26

Денеска два хеликоптери од Одделот за воздухопловни единици дејствуваа на повеќе локации каде што имаше пожари во реонот на Богомила...

Денеска два хеликоптери од Одделот за воздухопловни единици дејствуваа на повеќе локации каде што имаше пожари во реонот на Богомила, с. Габровник и с. Мокрени. Хеликоптерот Бел 412 во 20 налети исфрли 30 тони вода, а хеликоптерот Ми 171 во 14 налети исфрли 38 тони вода.

На овој начин е спречено пожарот да се прошири кон селата, но сепак на повисоките места и во пределите со густа шума истиот не е локализиран и сè уште е активен.