Временска прогноза

Сончево и топло со мала до умерена облачност

21.07.2024 08:37

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. УВ-индексот ќе има вредност 9.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Попладне ќе има услови за појава на краткотрајна нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Минималната температура во главниот град ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне 39 степени.