Македонија

Претседателката на ЕБОР, Рено-Басо, утре во посета на Македонија

21.07.2024 08:59

Претседателката на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Одил Рено-Басо, од утре ќе биде во посета на Северна Македонија...

Претседателката на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Одил Рено-Басо, од утре ќе биде во посета на Северна Македонија.

За време на нејзината втора посета на земјава, претседателката на ЕБОР, како што е најавено, ќе се сретне со Владини претставници, клиенти, претставници од бизнис секторот и претставници од граѓанскиот сектор. ЕБОР, се додава во соопштението, е главна институција во Северна Македонија во однос на инвестициите во земјата и до денес, Банката има инвестирано ЕУР 2,9 милијарди во 190 проекти во целата земја.