ЦУК

ЦУК: Активни се уште девет пожари

21.07.2024 09:42

Во текот на вчерашниот дена имаше вкупно 30 пожари на отворен простор. Од нив сè уште се активни девет пожари, под контрола (пожари кои не можат да се шират но сè уште има горење) се ставени шест, а 15 пожари се целосно изгаснати ...

Во текот на вчерашниот дена имаше вкупно 30 пожари на отворен простор. Од нив сè уште се активни девет пожари, под контрола (пожари кои не можат да се шират но сè уште има горење) се ставени шест, а 15 пожари се целосно изгаснати, иако за жал, изјави денеска директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов, во претходните денови имавме случаи кога изгаснати пожари повторно се разгоруваа.

Во согласност со проценетите ризици и опасности, според информациите кои ЦУК ги има во овој момент, утрово во гаснењето на пожарите приоритет ќе бидат пожарот во Општина Чашка, селата Габровник, Мокрени, Јаболчиште, Дреново врв Лисец. Ќе бидат ангажирани два хеликоптери (МВР и АРМ), со дополнителни ангажирани локални сили и поддршка од 55 припадници на Армијата.

Потоа во Општина Македонски Брод, село Тажево кон село Брезница ќе биде ангажиран хеликоптер на АРМ (Ми 17), со дополнителни ангажирани локални сили и поддршка од 30 припадници на Армијата.