Куманово

Мал број млади крводарители

21.07.2024 10:49

Службата за трансфузиона медицина во Куманово располага со доволен број на крвни единици. Но просечната граница се зголемува, крв даруваат повозрасните, а мал е бројот на млади крводарители...

Службата за трансфузиона медицина во Куманово располага со доволен број крвни единици. Покриени се потребите на градот но и регионот. Недостаток на крв нема, но има на крводарители.

Просечната возраст на крводарители секоја година расте, информираат од службата за трансфузиона медицина. Има повеќекратни дарители од повозрасната генерација, но мал е бројот на млади. Надлежните со апел дарувањето е хумана мисија.

„Младите треба да се активираат, пријават кај нас за да даруваат крв за хуманоста да биде на ниво. Моментално имаме крв но треба уште повеќе да се ангажираат особено младите“, вели д-р Дритон Билали, Служба за трансфузиологија Куманово.

Службата во соработка со општинската организација на Црвениот крст организираат акции за дарување.

Во првата половина од годината организирани се 22 крводарителски акции на подрачјето на организацијата и собрани се над 1.400 крвни единици

Возраста на крводарителите се препорачува да биде од 18 до 65 години. Трипати годишно би требало да даруваат жените, а на три месеци мажите.

 

Елена Георгиевска