Пожари

Пожар кај армиското стрелиште „Пенуш“

21.07.2024 12:40

Пожарот кој се разви вчера далеку позади армиското стрелиште „Пенуш“ кај Штип како крак на големиот пожар на Серт

Пожарот кој се разви вчера далеку позади армиското стрелиште „Пенуш“ кај Штип како крак на големиот пожар на Серта, полека се движи во насока кон Брегалница.

Од ЦУК известуваат дека се прават напори да се сопре на тампонираниот пат кој се протега околу полигонот „Криволак“ од штипската страна. Гори трева, грмушки и жбунести ниски смреки.