Шумарот Митковски на првата линија со огнот
Во борба со огнената стихија, поединци се вложуваат ставајќи го како влог и сопствениот живот. Таков е примерот на велешанецот Љубе Митковски вработен во Шумско стопанство Бабуна, кој со денови е на терен, се прибира само ноќе, оти тогаш не може да интервенираат. Но не се штеди ниту жали па иако со 60 години и може да биде дома тој е на терен.

Пожарите кои пеплоса голема површина од земјава, ги доведоа во опасност животите на сите кои учествуваа во нивно локализирање, пожарникарите, доброволците, комуналците, шумарите. Еден од нив е и велешанецот Љубе Митковски. Тој пред некој ден морал да се спасува од обрачот кој околу него го создал огнот и да се бори за неговиот живот.
Митковски кој со денови е на терен во битка со пламените јазици, е вработен во Шумското стопанство Бабуна од Велес, дел од ЈП Национални шуми. Иако без здравствено и пензиско осигурување, бидејќи немаат плата од месец мај, тој е на првата борбена линија со огнот.
Не се штеди иако има 60 години и може да седи дома, по препораките на Владата, Митковски заедно со помладите колеги, но и доброволците, пожарникарите е по површините зафатени со оган.
За разделба пред да оди на нов предизвик, вели ова морам да го сработам, тоа е мојот живот, уште четири години до пензија, го давам максимумот. Ме боли колено, грб, ама не се предавам, порача Митковски.
Петар Печков
