Буџет

Хајредини: Секое задолжување води кон нов заем

21.07.2024 13:40

Кредитот добиен од Унгарија е поволен, но да не е државата во состојба во каква што е, со оглед дека растот на економијата е проектиран на 2,1 процент-коментира поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини ...

Кредитот добиен од Унгарија е поволен, но да не е државата во состојба во каква што е, со оглед дека растот на економијата е проектиран на 2,1 процент-коментира поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини во интервју за Радио слободна Европа.

Секое задолжување води кон ново – потенцира Хајредини, поткрепувајќи го ставот дека мора да има заживување на стопанството за нормално функционирање и за исплата на давачките.