Партиски препукувања за патувањата на владината делегација за Вашингтон
Опозициската СДСМ обвинува дека патувањето на владината делегација за Вашингтон чинело 20.000 евра. Владиниот авион министрите на ДУИ и СДС го користеле 25 дена. Меѓу другото и за летови до Ниш. што се однесува до трошоците за кои СДС зборува, реплицираат во ВМРО. ДКСК оформиле предмет и ја побарале документацијата на чиј трошок во Вашингтон патувал синот на премиерот Мицкоски ...

Премиерот Мицкоски и министрите во Вашингтон патувале во бизнис класа за што поединечно потрошиле меѓу 4.000 и 5.000 € или безмалку 20.000 € – обвинува опозициската СДСМ. Изгледа не можел Мицкоски да патува со економска класа и истовремено да носи часовник од десетици илјади евра, ветуваа домаќинско работење, се луксузираат во бизнис класи – вели портпаролката Кузеска.
Од 30 дена, владиниот авион министрите на ДУИ и СДС го користеле 25 дена. Меѓу другото и за летови до Ниш. што се однесува до трошоците за кои СДС зборува, тие се далеку помали од оние кои беа направени во нивното време на власт реплицираат во ВМРО. Посочуваат, додека ја уништуваа државата, на агенцијата рејтинг, во сопственост на Никола Спасов во периодот додека СДСМ беше власт оваа агенција има добиено тендери во вкупна вредност од над 900.000 €.
Додека траат партиските препукувања, Државната комисија за спречување на корупција по допрен глас оформиле предмет и ја побарале документацијата на чиј трошок во Вашингтон патувал синот на премиерот Мицкоски. Од Владата веќе одговорија дека патувањето на синот на шефот на Владата било платено од семејството Мицкоски.
Миле Ристески
