Инвестирајте во Македонија – порака од властите на Гвангдонг до кинеските компании
Македонија доби силна политичка поддршка од властите на провинцијата Гвангдонг за реализација на инвестициите. Компании од овој регион да вложуваат, да градат фабрики во државава, полесно да се пробијат на европските пазари. На средбата со премиерот Груевски, вицегувернерот Шу Шаохуа му посочил дека се заинтересирани за увоз на земјоделски производи и на месо од Македонија.

Прво, ќе охрабруваме што повеќе претприемачи од Гвангдонг да ја посетат Македонија, поточно технолошко- индустриските развојни зони во Македонија. Сакаме да ги охрабриме да отворат бизнис или фабрики таму. Второ, ќе охрабруваме што повеќе туристи да ја посетат Македонија и преку Македонија да ја посетат и Европа. Во иднина сакаме и да увезуваме што повеќе земјоделски производи од Македонија, како месо и овошје. Ние имаме отворен пазар на кој македонските компании можат да влезат“, изјави вицегувернерот Шаохуа по средбата.
Стручни тимови ќе ги пеглаат процедурите за соработка и можностите за позасилена трговска размена, ќе разработуваат детали за реализација на проекти.
„Се работи за економски многу силна провинција, во која што има многу развиен бизнис, многу компании, многу пари, многу инвеститори и многу можности за инвестирање во Македонија. Беше важно да се сретнеме со властите бидејќи значајна е нивната поддршка и порака, и ми беше задоволство што практично сите теми кои ги отворив со властите наидоа на добар прием и на уверување дека ќе ја дадат нивната целосна поддршка и сигнал до компаниите да инвестираат во Република Македонија“, рече Груевски
Гвандгдонг е економски најбрзорастечки регион во Кина, има надворешна трговска размена вредна еден трилион долари, размената со Македонија изнесува дваесетина милиони. Провинција со многу пари и бизнис интереси во целиот свет. Шеесетина компании од автомобилската индустрија , електрониката , банкарството, инвестициските фондови, слушнаа за поволностите да прават бизнис во Македонија по примерот на „Веибо“ мултинационалната компанија која има донесено одлука да отвори фабрика во Североисточниот регион со 5 илјади работни позиции.
„Посебно е значајно што голем дел од овие компании се партнери на „Веибо“ групацијата која веќе донесе одлука да инвестира во Македонија и да вработи над 5 000 луѓе. Тоа ја зголемува шансата да и овие компании што се нејзини партнери да се одлучат да го следат тој пат и да ја искористат добрата бизнис клима и да инвестираат во Македонија“, рече Вицепремиерот и Министер за финансии Зоран Ставревски.
Инвестирајте во Македонија, има добри услови за бинзнис – порака и од властите на Гвандгдонг.
Со својот уникатен економски план и Република Македонија и Гвангдонг се во критична фаза на својата индустриска трансформација и надградување. Двете страни имаат свои комплементарности и пред нив стои голема иднина за нивна соработка, истакна Ву Кент во своето обраќање пред присутните.
Најниски трошоци за правење бизнис, поволности во индустриските зони, способна и едуцирана работна сила, Премиерот ги повика бизнисмените да вложуваат во Македонија.
„Мината година завршивме со раст на БДП од 3,1 процент, трет најголем раст во Европа во 2013 тата, годинава во првиот квартал имаме БДП од 3,9 што е најдобар резултат во Европа“, нагласи Груевски пред присутните.
Владината делагација утре ќе ја посети компанијата „Веибо“, со менаџментот ќе ги разгледа идните планови за инвестиции.
Сузана Фиданска Стоевска
