Во Македонија активни се 9 пожари, на Серта е сè уште најалармантно
Во Македонија активни се 9 пожари, а најсериозно и натаму се на планината Серта и во околината на резерватот Јасен. Центарот за управување со кризи информира дека кај Јасен гаснењето е отежнато поради непристапниот терен во околината на селата Тажево и Брезница во општина Македонски Брод. Вработените од Јасен се на линија за одбрана распоредени кај реката Оча...

Изнемоштени пожарникари гасат оган. На едно место ќе успеат, а на друго ќе се разгори. Во земјава сè уште има активни пожари, а најсериозно и натаму е на планината Серта и во околината на резерватот Јасен.
Освен таму, опасно беше и во прилепскиот регион, односно кај Богомила и Чашка, каде што направивме обиколка. Директорот на Центарот за управување со кризи рече дека постојано се работи со полна пареа.
И градоначалникот на Чашка излезе на терен. Вели дека се прави се, за ситуацијата да се стави под контрола.
Мештаните на Богомила се загрижени и исплашени, од една страна, поради брзината на огнот, но и благодарни оти пожарникарите даваат се од себе.
Инаку, српската хеликоптерска единица ја заврши мисијата за помош на Македонија во гаснењето на шумските пожари и се врати во Србија.
Борис Грујоски
