САД

Пукање на собир во Филаделфија, три мажи се убиени

21.07.2024 19:51

Полицијата соопшти дека повеќе од 100 луѓе биле присутни во населбата Керол Парк кога во неделата некаде по два часот по полноќ по локално време дошло до пукање...

Три мажи се убиени, а најмалку шест лица се ранети во пукање на собир во Филаделфија, соопштија властите.

Не е соопштено за каков собир станувало збор.

Полицијата соопшти дека повеќе од 100 луѓе биле присутни во населбата Керол Парк кога во неделата некаде по два часот по полноќ по локално време дошло до пукање.

Во соопштението се додава дека првичните информации кои ги собрале укажуваат на „размена на оган“ меѓу повеќе страни“ и дека се пронајдени чаури од муниција од повеќе калибри.

Еден маж (33) е прогласен за мртов на местото на несреќата, а уште две машки лица на возраст од 23 и 29 години починале во болница.