САД

Џо Бајден се повлече од претседателската трка

21.07.2024 20:37

Актуелниот американски претседател Џо Бајден на денеска објави дека повеќе нема да се кандидира за втор мандат поради зголемената загриженост во неговата партија за неговите шанси да победи на изборите ...

Актуелниот американски претседател Џо Бајден на денеска објави дека повеќе нема да се кандидира за втор мандат поради зголемената загриженост во неговата партија за неговите шанси да победи на изборите во ноември 2024.

„Најголемата чест во мојот живот беше да служам како ваш претседател. И додека мојата намера беше да барам реизбор, верувам дека во најдобар интерес за мојата партија и за земјата е да се откажам и да се фокусирам единствено за извршување на мојата должност како претседател до крајот на мојот мандат“, вели Бајден во соопштението кое го објави на платформата Икс.

Тој најави дека ќе и се обрати на нацијата подоцна во текот на неделата.

Демократската партија сега ќе треба да избере нов демократ кој во ноември ќе се соочи со републиканскиот кандидат Доналд Трамп, во трка која веќе беше одбележана со тензии, поделби и обид за атентат.