Соработка

Заедничка работилница на млади од Македонија и од Грција

05.07.2014 10:32

Како со заеднички напори  да се надминат проблемите со кои што се среќаваат младите од Македонија и од Грција, а пред се да се справат со невработеноста е целта на заедничката тренинг работилница во Струга на која учествуваат 25 млади од двете земји.
 
Ќе се обидат да ги надминат бариерите и стереотипите кои постојат меѓу двете земји , да ги споделат искуствата  и да најдат начин, со заеднички напори,  полесно да  ги користат средствата од прекуграничната помош .Работилницата во Струга заеднички ја организираат Младинскиот  сојуз, УНЕСКО - младинскиот клуб од Солун и Фондацијата Фридрих Еберт,финансиски поддржани од Амбасадата на Кралството Норвешка.