Претседателката на ЕБОР во посета на Македонија
Претседателката на Европската банка за обнова и развој Одил Рено-Басо, денеска е во посета на земјава...

Претседателката на Европската банка за обнова и развој Одил Рено-Басо, денеска е во посета на земјава. Ќе се сретне со владини претставници, клиенти, претставници од бизнис секторот и претставници од граѓанскиот сектор.
Со задоволство ја очекувам втората посета на Македонија, таа е значајна инвестициска дестинација за нас, каде што ЕБОР има водечка сума на инвестиции, изјави Рено-Басо пред посетата на земјава.
Европската банка за обнова и развој е главна институција во северна Македонија во однос на инвестициите во земјата и до денес, банката има инвестирано 2,9 милијарди евра во 190 проекти во целата земја, се вели во соопштението на ЕБОР.
