Ескалира состојбата на Блискиот Исток
Нова ескалација на конфликтот на Блискиот Исток. Израел го нападна јеменскиот пристаништен град Ходеида, погодувајќи складишта за гориво и градската централа...

Нова ескалација на конфликтот на Блискиот Исток. Израел го нападна јеменскиот пристаништен град Ходеида, погодувајќи складишта за гориво и градската централа. Првиот одговор од Јемен – беа лансирани неколку балистички ракети кон израелското летувалиште Еилат. Лидерот на Хутите вели дека Јемен е поспособен од кога било да го нападне Израел, притоа поздравувајќи го смртоносниот напад со беспилотни летала врз Тел Авив пред два дена.
„Израелските узурпатори треба да се плашат и да се грижат повеќе од кога било досега. Нападите врз Израел ќе продолжат како знак на солидарност со народот на Газа сè додека трае војната со Хамас“, изјави Абдул-Малек ал-Хути, лидер на јеменските бунтовници Хути.
Хутите се меѓу неколкуте групи поддржани од Иран кои го нападнаа Израел во знак на солидарност со Хамас по нападот на 7-ми октомври.
