УКРАИНА
Москва тврди дека освоила две населби во источна Украина
22.07.2024 08:54
Од Москва соопштија дека руските сили зазеле по една населба во регионите Луганск и Харков...

Од Москва соопштија дека руските сили зазеле по една населба во регионите Луганск и Харков.
Според украинските власти, во гранатирањето на 13 населени места во областа Керсон, загинале три лица, а 13 се ранети.
На Украина и треба оружје со долг дострел за да ги заштити своите градови и војниците од првите редови од руските бомби, изјави претседателот Зеленски.
