БАНГЛАДЕШ
САД ги повика своите граѓани да не патуваат во Бангладеш поради „граѓанските немири“
22.07.2024 08:56
Стејт департмент ги повика американските граѓани да не патуваат во Бангладеш поради тековните граѓански немири...

Стејт департмент ги повика американските граѓани да не патуваат во Бангладеш поради тековните граѓански немири.
Врховниот суд во Бангладеш го отфрли контроверзниот систем на квоти за јавна администрација, делумна победа на студентите кои протестираат со денови.
Во масовните демонстрации во кои имаше и судири со полицијата загинаа десетици лица.
