Македонија

На Табановце и Богородица од утрово колони возила

22.07.2024 09:01

На граничните премини Табановце и Богородица и утрово се чека и по повеќе од еден час. АМСМ јавува за зголемен интензитет на сообраќај. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата...

На граничните премини Табановце и Богородица и утрово се чека и по повеќе од еден час. АМСМ јавува за зголемен интензитет на сообраќај. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Според она што може да се забележи од камерите на ЈПДП, има три колони со возила на ГП „Богородица“.

Вчера на граничниот премин „Евзони“ на влезот во Грција се создаде огромна гужва. Како што информираа туристите и патниците, „паднал“ компјутерскиот систем на грчките гранични власти. Се чекало и до три и пол часа за влез кај нашиот јужен сосед.