БУГАРИЈА
Радев ќе го врачи вториот мандат за формирање влада
22.07.2024 09:12
Бугарскиот претседател Румен Радев ќе го врачи вториот мандат за формирање влада на втората по големина пратеничка група во Народното собрание – „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“...

Бугарскиот претседател Румен Радев ќе го врачи вториот мандат за формирање влада на втората по големина пратеничка група во Народното собрание – „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“.
Според бугарскиот Устав, по враќањето и на овој мандат, претседателот на државата во рок од седум денови и наложува на следната по бројност пратеничка група да предложи кандидат за премиер. Во случај и тие да не успеат да формираат редовен кабинет, претседателот закажува нови избори и именува нов привремен кабинет.
