Руските сили собориле 75 украински дронови
Руските сили за воздушна одбрана синоќа соборија 75 украински беспилотни летала над пет региони на Русија, при што беше запалена рафинерија...

На украинскиот фронт, борби во неколку правци. Руските сили за воздушна одбрана синоќа соборија 75 украински беспилотни летала над пет региони на Русија, при што беше запалена рафинерија.
Соборени се 17 беспилотни летала над водите на Црно и Азовско Море. На Украина и треба оружје со долг дострел за да ги заштити своите градови и војниците од првите редови од руските бомби, изјави украинскиот претседател.
Од Германија во Украина пристигна ракетен систем „Патриот“ од американско производство. Според Зеленски, преку форматот на Самитот за мир и единство е можен обид да се стави крај на руско-украинската војна до крајот на оваа година.
