Помали протести и денеска против судската пресуда за „Монструм“
Помала група, пред се малолетни демонстранти попладнево се судрија со полицијата пред зградата на општина Чаир кадешто го манифестираа незадоволството од доживотните затворски казни...

Втор ден од протестите против судската пресуда за случајот Монструм.
Помала група, пред се малолетни демонстранти попладнево се судрија со полицијата пред зградата на општина Чаир кадешто го манифестираа незадоволството од доживотните затворски казни.
Полицијата употреби шок бомби за да ја разбие толпата.
Протестот почна по пладневната молитва кај Јајапашината џамија од каде демонстрантите се упатија пред општинската зграда.
Денешниот протест повторно беше организиран преку социјалните мрежи.
Вчерашните инциденти кулминираа пред судската палата. Беа повредени дваесетина полицајци и уапсени 6-мина демонстранти.
Анита Димитријевска
