Грузија

Земјотрес ја погоди Грузија

22.07.2024 11:02

Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Грузија...

Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Грузија.

Земјотресот е регистриран на длабочина од 10 километри, на 11 километри југоисточно од Цнори.

Граѓаните јавуваат дека земјотресот бил благо почувствуван во Тбилиси.

Не се знае дали има материјална штета.