Тетово

Печалбарите во Тетово ја раздвижија локалната економија

22.07.2024 12:03

Печалбарите се вратија во Тетово. Повторно ја раздвижија локалната економија, но сè уште се резервирани да инвестираат кај нас. Продавачите велат дека прометот им е двојно зголемен. Сепак, зголемената фреквенција на луѓе ја оптовари и онака лошата инфраструктура во градот...

Секое второ возило во полошко со странска регистарска табличка. Трговските и угостителските објекти со доаѓањето на печалбарите работаат со зголемен промет.

Менсур Арифи е еден од најстарите златари во Тетово. Со дејноста се занимава над 4 децении. Благодарение на печалбарите вели не ставил катанец на својот локал во трговскиот центар во Тетово. Со парите кои ги оставаат гастарбајтерите додека се дојдени во својот роден крај ја крпиме раскажува Арифи.

Експертите велат дека печалбарите значително ја раздвижуваат економијата, но само на микро-план.

Се трошат пари за свадби, изградба и реновирање на домови, но ретко кој од нив сака да инвестира.

Голем дел од печалбарите од полошките рурални општини, се отселени во западно европските земји. Статистиките говорат дека речиси 40% од населението од овој регион е гастарбајтерско.

 

Зоран Димовски