Хрватска
Петмина загинати откако маж пукал во дом за стари лица во Хрватска
22.07.2024 12:09
Петмина се убиени во дом за стари и немоќни лица во градот Дарувар...

Петмина се убиени во дом за стари и немоќни лица во градот Дарувар. Како што пренесуваат тамошните медиуми, маж влегол во објектот и почнал да пука. Има и повредени.
Убиецот побегнал, но набрзо бил уапсен од полицијата пред угостителски објект. На терен има силно полициско обезбедување, во тек е истрага за масакрот.
