МВР
Единицата за интервентна полиција на СВР Скопје лиши од слобода криминалец баран со потерница
22.07.2024 12:45
На 21.07.2024 во Скопје од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишен е од слобода Ј.С.(34) од Скопје...

На 21.07.2024 во Скопје од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишен е од слобода Ј.С.(34) од Скопје, кој бил баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд, поради бегство од КПУ Идризово.
Ј.С. е осуден на казна затвор од 12 години и 10 месеци, а во врска со член 188 ст. 1 и чл. 236 ст. 1 т.1 в.в чл. 22 и чл. 24 од КЗ, Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено поправна установа.
