Македонија

Продолжуваат напорите за гаснење на пожарите

22.07.2024 13:30

Продолжува борбата со огнените стихии. Од 29 во последново деноноќие, седум сè уште активни. Најтешко е на Криволак...

Продолжува борбата со огнените стихии. Од 29 во последново деноноќие, седум сè уште активни. Најтешко е на Криволак, каде првично не успеа планот да се пресретне огнот, но, денеска овој крак е пресечен. Пожарот е далеку од воените објекти. Пожар има и над Богомила, а се води битка и кон Серта, горат неколку краци. Анита Димитријевска-Велковска известува од Богомила.