Во источниот регон легализирани половина од дивоградбите

05.07.2014 13:32

Во источниот дел на државата досега се легализирани половина од дивоградбите. Од вкупно 30.000 објекти, документ за легализација добиле 14.000. Најголем проблем при легализацијата е некомплетната документација, односно немањето на геодетски елаборат...

Општините од источниот регион, досега легализирале 50 отсто од бесправно изгрдаените објекти. Од околу 30.000 дивоградби за кои сопствениците побарале легализација, решение за правен статус добиле околу 14.000.

„Во Штип досега се легализирани околу 5.000 бесправно изградено објекти, што значи до овој момент имаме легализирано скоро половина“, изјави Лазар Хаџи Николов, сектор за урбанизам ЛС Штип.

„Вкупно имавме 5.938 барања за легализација на бесправно изгрдаени објекти. Досега се решени околу 2.600“, изјави  Влатко Димитров, раководител на сектор за урбанизам ЛС Кочани.

Кои се најголемите проблеми при процесот на легализација?

„Најголеми проблеми се доцнењето на елаборатите, најчесто поради нерешени имотно – правни односи“, потенцира Мирко Ристов, претседател на комисија за легализација ЛС Виница.

Време да ги решат сите проблеми и да ја достават комплетната документација, граѓаните имаат до 30-ти јуни 2015-та година.

„За да се избегнат гужвите кај геодетските фирми, апелираме граѓаните навреме да си поднесат барања и да ги изготват елаборатите, за да можеме да ја реализираме постапката за легализација во целост“, потсетува Лазар Хаџи Николов, сектор за урбанизам ЛС Штип.

Освен за куќи и станови, легализација мора да се спроведе и на дивоградби на земјоделско земјиште, како што се фарми и оранжерии. За нив барања може да се поднесат до 2-ри август годинава.

 

Оливера Жежова