Удавено момче во Охридско езеро, полицијата бара помош за идентификација

05.07.2014 10:47

Се работи за машко лице на околу 25 годишна возраст, со куса кратка коса и висина од 180 сантиметри. Во моментот на пронаоѓањето лицето било облечено во сини фармерки во кои имало клуч, најк патики, бела кошула со долги ракави, а под неа германски спортски дрес...

Безживотно машко тело утрото околу 7 часот и 20 минути е забележано во водите на Охридското езеро. Телото случајно го забележал граѓанин на оддалеченост од околу 5 метри од платформата на еден угостителски објект во централното градско подрачје, каде длабочината на езерската вода е околу 2 метри.

Се работи за машко лице на околу 25 годишна возраст, со куса кратка коса и висина од 180 сантиметри. Во моментот на пронаоѓањето лицето било облечено во сини фармерки во кои имало клуч, најк патики, бела кошула со долги ракави, а под неа германски спортски дрес.

На местото на настанот увид изврши јавен обвинител и полициски екипи, при што не се забележани траги на насилство. Во текот на денот ќе биде извршена обдукција, а СВР Охрид интензивно работи на утврдување на идентитетот на удавеното лице.

Исто така од полицијата упатија апел до граѓаните секоја корисна информација да ја достават на телефонот 192.

 

Сашо Нелоски