пожари

Интензивно гасење на пожарот кај Селце

22.07.2024 16:00

Оган и на Серта кон штипско, кај селата Селце и Пухче каде што е зафатена мешана шума. Екипите денеска конечно успеаја пожарот да го локализираат и да го стават под контрола.

Еден крак од пожарот на Серта на територија на Општина Штип е ставен под контрола, после неколкудневна борба со огнот помеѓу селата Селце и Пухче, истиот е локализиран, за сега без опасност од негово проширување.

И денес овој пожар се гасеше и од земја и од воздух, а се до целосно гасење пожарникарите остануваат на терен. Жителите на Селце со денови живеат во страв од проширување на огнот кој е на непристапен терен и тие самите не може ефикасно да делуваат. Велат секојдневно се задушуваат во чад, а загрижени се и за пасиштата, бидејќи дел од жителите се занимаваат со сточарство

Сè уште активен е вториот крак од пожарот на Серта во штипскиот регион, од армискиот полигон Криволак, кон армиското стрелиште Пенуш.

 

 

Славица Величковска