Во центарот на Охрид осветено спомен обележјето „Фаќач на крст“
Спомен-обележјето го симболизира вадењето на Светиот крст од осветените води на Охридското Езеро и е донација од познатиот македонски бизнисмен Ванчо Чифлиганец, кој беше кум на Водици во 2012-тата година...

Денеска беше осветено спомен-обележјето посветено на големиот православен празник Богојавление Водици-„Фаќач на крст“, кое е поставено на охридското градско пристаниште.
Спомен-обележјето го симболизира вадењето на Светиот крст од осветените води на Охридското Езеро и е донација од познатиот македонски бизнисмен Ванчо Чифлиганец, кој беше кум на Водици во 2012-тата година.
Автор на скулптурата е академскиот скулптор Ангел Коруновски од Велес, а спомен обележјето е поставено на рељефен постамент со ранохристијански и богојавленски мотиви.
Се очекува дека дека ова спомен-обележје ќе биде уште еден симбол по кој ќе биде препознатлив Охрид.
Сашо Нелоски
