Влада

Објавени нето-платите на Мицкоски и министрите

22.07.2024 17:55

Владата денеска ги објави платите на премиерот и на министрите. Највисоки примања имаат премиерот Христијан Мицкоски и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски ...

Владата денеска ги објави платите на премиерот и на министрите. Највисоки примања имаат премиерот Христијан Мицкоски и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кои месечно земаат по речиси 2 илјади и 300 евра.

Ова е од причина што Ташковски добива посебен додаток од 20 отсто. Платите на другите министри се 115 илјади и 540 денари, односно, 1.870 евра.

Владата, овие податоци ги објави на својата официјална страница во делот „отчетност“. Висината на платите на функционерите е јавен податок.