МВР поднесе кривична пријава против две лица заради постоење на основано сомнение за злоупотреба на концесија за рудник
Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против две лица од Кичево заради постоење на основано сомнение за злоупотреби на концесијата за рудник кај Кичево...

Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против две лица од Кичево заради постоење на основано сомнение за злоупотреби на концесијата за рудник кај Кичево. Кривична заработија и уште седуммина кои се товарат дека сториле кривично дело несовесно работење во службата.
Во период од 2016 година до 2023 година кривично пријавените постапиле спротивно на закон за минерални суровини и од договор за концесија за експлоатација на локалитет во општина Зајас, склучен со владата претставувана од страна на тогашниот министер за економија.
Постапиле спротивно на законот и одредбите од предметниот договор за концесија, и како потписници на сметка на правниот субјект исплатиле помалку концесиски надоместоци во вкупен износ од 1.671.894 денари, со што го оштетиле буџетот Македонија.
