АСОМ: Нашите членки секогаш се на страната на законот
Членките секогаш се на страната на законот, а Асоцијацијата секогаш се бори за спроведување на сите законски норми во нашите објекти...

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија со реакција на изјавата на министерката Кочоска. Членките секогаш се на страната на законот, а Асоцијацијата секогаш се бори за спроведување на сите законски норми во нашите објекти.
Ние како Асоцијација сме целосно посветени на одговорно спортско обложување, а како индустрија сме конструктивен партнер на институциите кој силно се бори против секаков вид неправилности во секторот.
Во соопштението до медиумите АСОМ ја поздрави работата на Министерството за финансии и институциите да работат согласно законот, а со крајна цел заштита на играчите, се вели во реакцијата.
