Фудбал

Данел Донгмо е нов играч на екипата ФК Вардар

22.07.2024 20:00

Станува збор за фудбалер од средниот ред кој има 23 години и потекнува од академијата на Троа, Франција, каде што игра за нивниот втор тим...

Фудбалскиот клуб Вардар денеска ја информираше јавноста дека Данел Донгмо е нов играч на екипата. Станува збор за фудбалер од средниот ред кој има 23 години и потекнува од академијата на Троа, Франција, каде што игра за нивниот втор тим.

До сега Донгмо имаше 56 настапи за вториот тим, а два настапи за првиот, кој е дел од најсилната француска лига.

Воедно ги брани боите на фудбалската репрезентација на Камерун (У-23).

 

 

 

 

 

 

 

 

Фото ФБ:/ ФК Вардар