Македонија на ЛОИ ќе ја претставуваат шест спортисти
Наместо планираните седум, Македонија на Летните олимписки игри во Париз, ќе ја претставуваат шест спортисти...

Наместо планираните седум, Македонија на Летните олимписки игри во Париз, ќе ја претставуваат шест спортисти.
Пливачката Ева Петровска која требаше да настапи во дисциплината 800 метри слободно нема да учествува на Игрите поради здравствени проблеми. Од спортистите свој настап ќе имаат Дарио Ивановски (атлетика, 10 август маратон), Владимир Егоров (борење до 57 килограми, слободен стил), Никола Ѓуретановиќ (пливање, 400 метри слободно, 27 јули квалификации). Анастасија Мојсовска (спортско стрелаштво, 10 метри воздушна пушка) која ќе настапи на 27 јули, Еди Шерифовски во џудо на 30 јули и таеквондистката Мила Рељиќ во периодот од 7-10 август.
Рељиќ во изминатиот период беше на тренинг камп кој траеше 15 дена, нејзините очекувања се да го даде максимумот и со добра жрепка се надева на освојување на еден од медалите.
Македонија ќе има и свои судии на ОИ во Париз, во ракометот Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, во триатлонот Иван Михајловски и Анета Павловска во тенисот.
Според најавите, како што оди протоколот да има по еден од машка и женска конкуренција, знаменосци на Свеченото отворање на Игрите ќе бидат Дарио Ивановски и Мила Рељиќ.
