МВР
Полициски хеликоптер исфрли над 48 тони вода врз пожар во општина Македонски Брод
22.07.2024 20:26
Во 19 налета се исфрлени над 48 тони вода. Пожарот сè уште е активен и продолжуваат активностите за негово гасење...

Денеска полициски хеликоптер од типот Ми-171 од Одделот за воздухопловни единици дејствуваше на пожар во општина Македонски Брод, меѓу селата Брезница и Тажево, каде што гори борова шума.
Во 19 налета се исфрлени над 48 тони вода. Пожарот сè уште е активен и продолжуваат активностите за негово гасење.
