Сообраќај
МВР: 140 санкционирани возачи во Скопје
23.07.2024 08:32
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 140 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 19 санкции, 20 мерки за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, шест санкции за користење мобилен телефон при возење, шест мерки за некористење сигурносен појас.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
