Економија

Потпишување договор за заем од 26,4 милиони евра помеѓу ЕБОР и АД МЕПСО

23.07.2024 08:47

Во Владата денеска ќе се потпише договор за заем од 26,4 милиони евра помеѓу Европската банка за обнова и развој и македонскиот оператор за електропреносен систем АД МЕПСО наменети за зајакнување на преносната мрежа...

Во Владата денеска ќе се потпише договор за заем од 26,4 милиони евра помеѓу Европската банка за обнова и развој и македонскиот оператор за електропреносен систем АД МЕПСО наменети за зајакнување на преносната мрежа.

Претседателката на Европската банка за обнова и развој Одил Рено-Басо е во посета на Македонија.

ЕБОР е главна институција во однос на инвестициите во земјава со досега вложени 2,9 милијарди евра за 190 проекти низ целата држава.