ИЗРАЕЛ
Нетанјаху во Вашингтон, ќе се обрати пред Конгресот в среда
23.07.2024 09:12
Израелскиот парламент усвои нацрт-закон со цел затворање на Агенцијата за помош и работа на Обединетите нации за палестинските бегалци – УНРВА, за која тие тврдат дека е терористичка организација...

Израелскиот парламент усвои нацрт-закон со цел затворање на Агенцијата за помош и работа на Обединетите нации за палестинските бегалци – УНРВА, за која тие тврдат дека е терористичка организација.
Палестинските фракции се согласија да формираат Влада на национално единство и да ја прекинат окупацијата. Кан Јунис претрпе напад на израелските одбранбени сили во кој загинаа 70 Палестинци, а други 200 луѓе беа повредени.
Во меѓувреме, премиерот Нетанјаху е во Вашингтон, каде што се очекува да се обрати пред Конгресот.
