Директорката на Тајната служба за атентатот на Трамп: „Не успеавме“
И републиканските и демократските лидери на Надзорната комисија на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес бараат оставка од директорката на Тајната служба на САД...

И републиканските и демократските лидери на Надзорната комисија на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес бараат оставка од директорката на Тајната служба на САД. Во сведочењето на Кимберли Читл заклучиле дека таа не одговорила на бројни прашања во врска со обидот за убиство на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп.
Читл призна дека Тајната служба „не успеала“ во својата должност да го заштити Трамп. Комисијата има 45 дена да ги разгледа политиките и процедурите на Тајната служба за време и по митингот на 13-ти јули каде вооружен маж пукаше кон Трамп во Батлер, Пенсилванија.
