Ден на човекови права

10.12.2013 19:20

Граѓаните најмногу се жалат на одлуките на судовите , плаќаат за услуги , а не ги добиваат .Ова се само дел од поплаките кои стигнале на адреса на народниот правобранител . Условите во затворите сеуште остануваат место каде се случуваат најтешките човекови повреди .

-Треба да се работи како во однос на простор и во однос на менаџирање и создавање на поквалитетни служби за да има подобар процес на ресоцијализација, вели Иџет Мемети народен правобранител

Годинава околу 1000 граѓани пријавиле  повреда на нивните права и слободи . Мемети вели дека тие не се плашат да пријават било каква злоупотреба и во неговата канцеларија годинава  пристигнале околу 4000 претставки . Во програмата на народниот правобранител е предвидена поголема промоција за заштита на човековите права .

-Навистина со промовирање на човековите права можеме да им помогнеме и со превенција , подобро е да се превенира него да се штити ќе имаме разни активности по однос на тоа што значи промоција, додава Мемети.

И Македонија денеска го одбележа Светскиот ден на човековите права . Мемети апелираше до надлежните институции да ги заштитат граѓаните , во време , кога  во светот се повеќе  владее глад, сиромаштија , војни , а се повеќе луѓе остануваат без покрив на главата .

Викторија Тодоровска