Македонските полициски кучиња исклучително вешти на терен

05.07.2014 16:58

Иако не се популарни како кучињата во крим-сериите,македонските полициски кучиња се многу вешти на терен. Интервенираат каде што е потребно. Припадниците на единицата за службени кучиња велат гордост е да работиш со нив...

Бела не е обично куче. Полициски лабрадор, специјализиран  за откривање експлозиви. Постојано е во тренинг форма. За него  се грижи неговиот  водич. Во единицата за службени кучиња, покрај лабрадори има и белгиски и германски овчари и шарпланинци. Едни се обучуваат за откривање дрога, други за експлозив, оружје , а некои за трагање по изгубени лица. Секое куче има свој водич. Единицата интервенира во акции, трага по дрога, екслозив, кога се ослободуваат заложници или пак се упаѓа во објекти. Тие се незаменливи.

Се дресираат уште од мали во повеќе фази. Покрај дресурата на терените , полициските кучиња се носат и на места каде честопати вршат претраги. За сите фази се полага тест. Кучето детектира и седнува врз пронајдената експлозивна материја, оружје или дрога.

Единицата  бележи и низа успеси. Полицајците горди на нивните кучиња. Издвоија еден случај.

За кучињата се грижи ветеринар. Се обрнува внимание и на исхраната и хигиената во боксовите.

 

Наташа Гркова- Петрушевска