САД

Наследството на Бајден во последните три години е неспоредливо во модерната историја, рече Харис

23.07.2024 09:23

Потпретседателката на САД, Камала Харис оцени оти наследството што го оставил претседателот Бајден во изминатите три години е неспоредливо во модерната историја. Американскиот претседател Џо Бајден објави дека се повлекува од трката за реизбор. По ова, тој ја поддржа американската потпретседателка Харис за номинација за кандидат на Демократите на изборите...

Потпретседателката на САД, Камала Харис оцени оти наследството што го оставил претседателот Бајден во изминатите три години е неспоредливо во модерната историја. Американскиот претседател Џо Бајден објави дека се повлекува од трката за реизбор. По ова, тој ја поддржа американската потпретседателка Харис за номинација за кандидат на Демократите на изборите.

„Во деновите и неделите што следат, јас заедно со вас, ќе направам сè што е во моја моќ да ја обединиме нашата демократска партија, да ја обединиме нашата нација и да победиме на овие избори. Во следните 106 дена, имаме работа. Имаме врати на кои треба да тропаме. Имаме луѓе со кои треба да разговараме. И имаме избори да победиме“, изјави Камала Харис, потпретседател на САД.

Демократската партија од 19-ти до 22-ри август во Чикаго ќе одржи конвенција на која и официјално ќе биде предложен кандидатот на партијата за претседател на САД.