ХРВАТСКА

Шестмина убиени во Домот за стари лица во Дарувар, познат мотивот

23.07.2024 09:27

Шест жртви и неколку ранети е епилогот од вчерашниот крвав масакр во Домот за стари лица во Дарувар, кој го изврши пензиониран воен полицаец...

Шест жртви и неколку ранети е епилогот од вчерашниот крвав масакр во Домот за стари лица во Дарувар, кој го изврши пензиониран воен полицаец.

Според првичните информации, мотив за крвопролевањето се нерасчистените имотни односи. Осомничениот бил револтиран што неговата мајка, наводно им го префрлила имотот на сопствениците на домот бидејќи нејзината пензија била премала за да може да го плати престојот.

51-годишниот маж беше уапсен во рекордно време.