На Богородица и Табановце зголемен интензитетот на сообраќај
На граничните премини Богородица и Табановце има зголемен интензитет на сообраќај. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопштија од АМСМ...

На граничните премини Богородица и Табановце има зголемен интензитет на сообраќај. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопштија од АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по суви коловози со зголемен интензитет на патните правци надвор од градските средини. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.
Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во земјава се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури. Термините се следни: петок од 17:00 – 22:00 часот, сабота од 09:00 до 18:00 часот и недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали: петок од 15:00 – 22:00 часот, сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и недела од 07:00 до 22:00 часот.
Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 01.04.2024 е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони.
