Комедијата „Веселинови“ вечерва на „Скопско лето“
Драмското студио „Бронзена наметка“ од Штип, вечерва, како дел од програмата на годинашново „Скопско лето“ во „Сули ан“ ќе ја изведе претставата „Веселинови“, инаку авторски проект на Трајче Кацаров...

Драмското студио „Бронзена наметка“ од Штип, вечерва, како дел од програмата на годинашново „Скопско лето“ во „Сули ан“ ќе ја изведе претставата „Веселинови“, инаку авторски проект на Трајче Кацаров.
Во претставата играат Оле Поцкова во улогата на Весела и Игор Стојанов – Баркли во улогата на Веселко.
Како што информира Дирекцијата за култура и уметност – Скопје, претставата е авторски проект на Трајче Кацаров.
- Весела и Веселко не се надвор од аглите и замките што ги поставува семејниот живот. Повеќе се противречни отколку категорични. Се плашат како деца и си играат како деца. Не ретко тонат во проблеми што извираат од плитките џебови, оддалеченоста од децата, од ноктите на државните грабливци. Плачливи се и тврдокорни. Напати се мили, напати се неподносливи. И во двата случаја се интересни, се вели во најавата за претставата.
