Камала Харис обезбеди доволен број гласови од делегатите за претседателска номинација
Претседателската трка во САД никогаш не била поинтересна. По историското повлекување на Бајден, Камала Харис за само едно деноноќие ја доби поддршката од повеќе од половината делегати во партијата. Предизборната кампања на двата политички табора, експресно се пренасочува. Сега жестоките напади сега се меѓу Харис и Трамп...

Политичката сцена во САД никогаш понеизвесна, но никогаш поинтересна. За неполни 24 часа откако беше поддржана од претседателот Бајден за кандидат на демократите, Камала Харис обезбеди повеќе од половината делегати потребни за номинацијата. Харис собра и рекордна сума од над 80 милиони долари донации за политичкиот циклус. Во првиот говор во предизборниот штаб на демократите во Делавер, охрабрена од сопартијците тргна во жестока политичка битка со противкандидатот, поранешниот претседател Трамп.
„Како јавен обвинител на Калифорнија, бев соочена со секакви криминалци. Криминалци кои злоупотребувале жени, измамници кои ги оштетуваат потрошувачите и хохштаплери кои ги прекршиле правилата во нивна корист. Затоа, слушајте ме кога велам дека познавам типови како Доналд Трамп. Во оваа изборна кампања гордо ќе направам компарација на мојот биланс со неговиот“, изјави Камала Харис.
Републиканците набрзина ги престроија своите редови, насочувајќи ја предизборната кампања за напади кон сегашниот фаворитот на демократите. Републиканскиот кандидат за потпретседател Џеј Ди Венс директно им се обрати на демократските гласачи да ја напуштат својата партијата и да се приклучат кон републиканците.
„Таа ги поддржа сите неуспеси на Џо Бајден, лажеше за неговиот ментален капацитет да служи како претседател. Камала Харис како и преостанатите демократи лажеше за способноста Бајден да биде претседател. Мислам дека треба сите да ги исфрлиме во ноември и да ги замениме со луѓе кои се грижат за оваа земја“, изјави Џеј Ди Венс.
По повлекувањето на Бајден од претседателската трка, Харис во моментов е главниот фаворит на демократите за претседателски кандидат. Но, дали предлогот на Бајден за нејзината номинација ќе биде прифатен од партијата, демократите ќе го кажат конечниот збор на партиската конвенција што ќе се одржи од кон средината на идниот месец во Чикаго.
Маја Стојанова
