Италија отворено го поддржува проширувањето на ЕУ, аналитичарите без големи очекувања

05.07.2014 17:17

Италија тешко дека ќе може да ја убеди Грција да биде попрагматична во однос на проблемот со името...

Италија, новиот председавач со Советот на Европската Унија традиционално има позитивен пристап во однос на проширувањето на ЕУ, изјави аналитичарот од Европскиот политички центар, Пол Иван. Упатува на програмата за наредните шест месеци во која отворено го  подржуваат интегрирањето на Балканот. Сепак, според него не може да се има големи очекувања.

„Очекувано е дека ќе има напори во тој правец, но мора да се земе в превид дека зборуваме за шестмесечен период во кој има пауза за летен одмор и Божикните празници. Времето кое го имаат на располагање не е големо, и треба да бидеме реални што може да се постигне во тој период“, вели аналитичарот Пол Иван.

Но, и не само поради ова. Италија тешко дека ќе може да ја убеди Грција да биде попрагматична во однос на проблемот со името.

„Во истовреме треба да го имаме в предвид  проблемот кој е камен на спрпнување за Македонското прашање при европските интеграции. Без понатамошно ангажирање и решавање на спорот и подобрување на односите со соседите, пристапниот процес не може да напредува“, додава Иван.

Деновиве во интервју за МТВ италијанскиот амбасадор во Македонија најави засилени контакти со медијаторот Нимиц и билатерални средби со кои се очекува да се интензивира процесот за името.

По петте последователни препораки од страна на Европската комисија, дека државата е подготвена  за одпочнување на пристапни преговори со Унијата, политиката на право на посилниот е и натаму присутна во случајот со Македонија. Да не е противењето на Грција и Бугарија, и добро познатото парвило на консензус во Советот на Европа, според аналитичарот Пол Иван, Македонија веќе одамна ќе ги почнеше пристапните преговори.

 

Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник на МРТ од Брисел