Стопанска комора

Азески: Развоен буџет немаме видено од 1992 година

23.07.2024 14:14

Развоен буџет не сме виделе од 1992 година – првиот човек на Стопанската комора бара поголем фокус на економијата. Бизнисмените неделава ќе имаат средба со власта за условите кои фирмите треба да ги исполнат за парите од унгарскиот заем. Тие повикаа, образованието и здравството да бидат приоритет...

Премиерот Мицкоски в четврток ќе има средба во Стопанската комора за парите од унгарскиот заем. 250 милиони евра треба да се користат за поддршка на стопанството. Но, бизнисот има и свои барања – средствата за капитални инвестиции без нивен амин да не може да се пренаменат за социјални трансфери, а ако се ревидира проектот со „Бехтел и Енка“, да се вклучат македонски компании. Првиот човек на комората Азески вели дека компаниите не ги интересира ништо друго, туку да дојдат до свеж капитал за зголемување на извозот со конкурентност и иновативност.

Образованието и здравството да бидат приоритет, бара комората. Дуалното образование ќе се преслика и на универзитетите, соопшти министерката Јаневска по средбата со Азески.

Јаневска и Азески согласни дека со новите образовни програми кадарот ќе биде подготвен да одговори на потребите на стопанството, со оглед на фактот дека младите иднината ја бараат надвор од државата, а бизнисот кубури со работници.

 

Викторија Милевска